Рано утринава, околу 6 часот, сениорската репрезентација на Македонија замина на пат кон Унгарија каде в сабота се среќава со домашната репрезентација во претквалификациите за Светското првенство.
Селекторот Марјан Илиевски на пат поведе 15 кошаркари, сите кои останаа во конкуренција по минатонеделниот рез. Конечните 12 кои ќе ѝ се спротивстават на Унгарија ќе ги одреди в петок по вечерниот тренинг.
Натпреварот против Унгарија се игра во градот Солнок в сабота од 18 часот. Македонија минатиот викенд ги отвори претквалификациите со дуелот против Романија на домашен терен кој го загуби со 72-80.


