Вчера во Скопје почна Европското кадетско првенство Б-дивизија, а гостин на отворањето беше извршниот директор на ФИБА, Камил Новак.
Во текот на денот, освен остварените работни состаноци со раководниот тим на Кошаркарската федерација на Македонија, еден од водечките луѓе на ФИБА, во присуство на потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски, и генералниот секретар, Томче Стојчевски, беше присутен и на дел од натпреварите од првиот ден на Европското првенство.
Македонија и оваа година е домаќин на младинско континентално натпреварување со што продолжи традиција на организирање вакви манифестации.


