И покрај тоа што за Унгарија заминаа 15 кошаркари, селекторот Марјан Илиевски одлучи на денешниот натпревар да настапи со истиот тим како пред седум дена против Романија.
Тоа значи дека од трибините мечот ќе го проследат Марко Луканоски, Марко Миловановиќ и Никола Василевски. На Унгарија ќе ѝ се спротивстават: Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.
Натпреварот меѓу Унгарија и Македонија се игра од 18 часот во Арената Тисалигети во Солнок.


