Унгарија има водство од 53-37 против Македонија по 20 минути игра на претквалификацискиот дуел во Солнок.
Нашата селекција добро почна и играше израмнето во првата четвртина која заврши со минимална предност на домаќинот од 19-18. Следуваше серија од 16-0 на Унгарците кои поведоа со 35-18, подоцна и со 38-20 кои потоа успеаја да ги задржат до крајот.
Најдобри во нашиот состав се Џејкоб Вајли и Андреј Магдевски, првиот постигна 12, а вториот 9 поени.


