Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски го истакна своето разочарување од високиот пораз од Унгарија.
Сепак, тој смета дека нашите кошаркари не заслужиле да загубат со толку голема разлика бидејќи, како што вели, Унгарија не е толку поквалитетна.
„Очекував денешниот натпревар да биде малку поинаков бидејќи мислам дека овие 38 разлика се премногу во однос на квалитетот на двете репрезентации. Мислам дека нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците и тука треба да се бараат причините за нашиот пораз.
Одигравме добра четвртина, но противникот беше исклучително расположена за шут, погоди 15 тројки со 40% шут од дистанца. Екипата поседува квалитет и денеска беше мошне мотивирана за победа пред своите навивачи кои дадоа голема поддршка. Задоволен сум од младите кошаркари и се надевам дека во иднина ќе играме многу подобро, но ни останува да се подобруваме во секој поглед. Верувам дека во иднина ќе се надградуваме, а она на што треба да обрнеме внимание е дека кога резултатот оди во негатива, да не бараме брзи решенија бидејќи така само се продлабочува кризата Јас им давам поддршка на играчите, тие двааат максимум, но евидентно е дека се уште недостасува искуство“, рече Илиевски.


