Македонската кошаркарска репрезентација денеска замина од Солнок каде вчера играше против Унгарија и се пресели во Орадеа.
Таму в среда ќе се сретне со селекцијата на Романија, а дотогаш ќе се подготвува во овој град кој се наоѓа блиску до унгарско-романската граница. Поради краткиот период меѓу двата натпревара, водството на Федерацијата и стручниот штаб одлучија репрезентацијата да не се враќа во Скопје, туку да замине директно за Романија.
Според информациите од Орадеа, стручниот штаб, предводен од селекторот Марјан Илиевски се одлучи за мали промени во распоредот на активностите за време на престојот во овој романски град. Со оглед на присутниот замор во екипата, извесно, ќе биде намален бројот на планираните тренинзи. па место двата утрешни тренинга, ќе биде одработен еден, а според истиот план ќе се тренира и наредниот ден.
Натпреварот меѓу Романија и Македонија, во рамките на четвртото коло од претквалификациите за Светското првенство е закажан за 13 август од 18 часот.


