Поранешниот капитен Ренато Димитриевски е првото засилување за Гостивар во пресрет на новата сезона.
Родениот гостиварец пред две години го напушти матичниот клуб и се пресели во МКК Куманово, но одлучи да се врати и да му се стави на располагање на тренерот Љупчо Малинков кој останува на истата позиција. Доимитриевски дојде во МКК Куманово кога овој тим се натпреваруваше во Втората лига, имаше голем придонес во пласманот во елитата, а минатата кампања и во големиот успех – третото место во дебитантската сезона во прволигашката конкуренција.
На 25 натпревари за МКК Куманово, искусниот крилен играч просечно постигнуваше по 5,6 поени и 2 скока.
Во следниот период Гостивар ќе ги претстави и останатите засилувања со кои ќе се обиде да обезбеди опстанок или да се вмеша во борбата за плејофот. Подготовките на екипата треба да почнат околу 1 септември.


