Иако Македонија доживеа уште еден пораз, селекторот Марјан Илиевски не е незадоволен од изданието на нашите кошаркари на дуелот против Романија.
На околу три минути пред крајот, македонската репрезентација беше на само еден посед негатива и малку недостасуваше да направи изненадување.
„За разлика од претходниот натпревар против Унгарија, денеска нашиот млад тим покажа карактер и морам да бидам задоволен од играчите. Романија има далеку поискусни кошаркари и заслужено победи, но ние напредуваме од натпревар во натпревар“, рече Илиевски.


