Поранешниот македонски репрезентативец Марјан Младеновиќ е најново засилување на Гостивар за претстојната сезона.
Тој се сели на западот од Македонија по 2,5 години поминати во тимот на Тиквеш (Еуроникел), а Гостивар ќе биде негов десетти клуб во професионалната кариера која му трае безмалку две децении. Интересно е тоа што тој во 2019 година (откако згасна АВ Охрид) имаше договор со Гостивар, ги почна подготовките со овој тим, но на крајот одлучи да си замине и се пресели во Куманово непосредно пред почетокот на сезоната.
Судбината повторно го спои со клубот кој успеа да ги надмине проблемите и почна со составување на тимот за новата сезона.


