Откако претходните денови ја направи базата со домашни играчи, Гостивар денеска договори двајца странци, односно Американци.
Станува збор за Маркус Мајерс кој ги покрива бековските позиции и центарот Џадериус Итмон кои ќе му се стават на располагање на Љупчо Малинков. Мајерс има искуство во европската кошарка бидејќи настапувал во Ерменија, Бугарија, Косово и Казахстан, а во Македонија доаѓа по една одиграна сезона во Грција.
Итмон ќе дебитира во Европа откако претходните сезони играше во втората дивизија од НЦАА. Од она што може да се види од него, располага со силни атлетски способности и треба да биде од голема помош во играта под кошевите.


