Место 15, колку што беа на турнејата во Унгарија и Романија, 14 кошаркари ќе конкурираат за настап за македонската репрезентација за последниот настап од претквалификациите против Унгарија што се игра в среда во Скопје.
Надвор од комбинација е Марко Миловановиќ кој се пожалил ма здравствени проблеми и од стручниот штаб е ослободен од обврските кон националниот тим. Од досегашните три натпревари, Миловановиќ беше во тимот за дуелот против Романија во Орадеа, но и тогаш не влезе во игра.
Неизвесен за мечот против Унгарија е и еден од најискусните во тимот Адем Мекиќ кој поради повреда на коленото не играше во Орадеа, а го пропушти и денешниот тренинг.


