Повратникот од НБА лигата, Василије Мициќ е најплатен кошаркар во Евролигата за претстојната сезона, но во исто време и најплатен во историјата на европската кошарка.
Неговата нето плата во новиот евролигаш Хапоел Тел Авив ќе изнесува 5,6 милиони долари по сезона со тоа што дополнително добива и дел од акциите, односно сопственоста на клубот. Зад него е Кендрик Нан со плата од 5,3 милиони долари и со нив двајца завршува списокот на играчи кои ќе заработуваат над пет милиони.
На третото место е Александар Везенков од Олимпијакос со 4,1 милиони, потоа е Шејн Ларкин од Анадолу Ефес со 3,75 милиони, а топ-5 го затвора Џанан Муса од Дубаи со 3,5 милиони што е двојно повеќе од неговата плата во Реал.


