Единствен денешен натпревар од македонската кошаркарска Суперлига, меѓу МКК Куманово и Феникс, кој требаше да се одигра вечерва, е одложен и ќе се одигра во нов термин.
Причина за одложувањето, според информациите од двата клуба, е состојбата на теренот во Спортската сала во Куманово. Поради натпревар на ракометната екипа на Куманово, паркетот бил премачкан со средство поради што бил мрсен и се лизгал, па не постоеле услови за игра. Официјалните лица го констатирале тоа и одлучиле натпреварот да се одложи.

Новиот термин најверојатно ќе биде утре од 20 часот кога МКК Куманово ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и да остане со максимален ефект, а Феникс да дојде до вториот триумф оваа сезона.


