Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски објави кога ќе биде пуштена во употреба реновираната сала во Градски парк, домот на 15-кратниот шампион на Македонија, Работнички.
Работите во неа се во завршна фаза, а првиот официјален натпревар во неа ќе се одигра на 13 декември, против МЗТ Скопје.
„Сакам да ви најавам дека салата свечено ќе ја отвориме против МЗТ Скопје на 13 декември и воедно најавувам голема победа на Работнички“, изјави Герасимовски кој е во борба за нов градоначалнички мандат.
Во салата во Градски парк веќе се наместени речиси сите придружни елементи (семафор, озвучување, светло…) и останува да се постават подното греење, паркетот и столчињата.


