Екипата на Работнички немаше никакви проблеми против Гостивар и во Кале го совлада со 75-50.
Тимот од Градски парк беше убедливо подобар ривал, а се беше решено уште во првото полувреме кое тимот од Градски парк го доби со 41-30. Добрата игра на Рабнотнички продолжи и во третиот период, домаќините не дозволија предноста да биде стопена и го искористија моментот за да дојдат до убедлив триумф, трет по ред.
Во двете екипи не функционираше шутот од дистанца, заедно погодија само осум тројки од 53 обиди, но гостите беа очајни и за два, реализирајќи 15 од 41.
Онил го предводеше Работнички со 20 поени, Томпсон постигна 18, а Ефремовски 16. Во тимот на Гостивар, најефикасен беше Абрам со 18 поени.


