По поразот од МЗТ Скопје во претходното коло, екипата на МКК Куманово се врати на победнички патеки откако вечерва како гостин го совлада Гостивар со 79-65.
Натпреварот не понуди неизвесност и покрај тоа што гостите дури во финишот го скршија отпорот на Гостивар. Кумановци го контролираа резултатот и почнувајќи од крајот на првата четвртина постојано беа во водство.
Сепак, дури на стартот од третиот период фаворитот првпат се одлепи на двоцифрена предност (46-35), а Гостивар најмногу успеа да симне на пет разлика (62-68) на нешто помалку од две минути пред крајот на мечот. МКК Куманово го затвори натпреварот со серија од 9-0 и дојде до убедлива победа.
Максим Митевски блескаше против својот поранешен клуб, постигнувајќи 20 поени, а се истакна и Луковиќ со дабл дабл од 17 поени и 15 скока. Младеновиќ го предводеше Гостивар со 16 поени.


