Во некомплетен состав, вечерва женската сениорска репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за првата фаза од квалификациите за Европското првенство во 2027 година.
Селекторот Александар Ашаданов, кој минатиот месец го продолжи договорот со Кошаркарската федерација, на располагање има 12 од 14. кошаркарки кои фигурираа на неговиот список. Поради обврски кон своите клубови, утре ќе се приклучат Матеа Николиќ и Тијана Митрева, а во комбинација не се Ивана Кметовскка и Цветанка Димова кои нема да можат да помогнат во првите три меча.
Подготовките почнаа вечерва, а Ашаданов само еден ден ќе ги има сите кошаркарки на располагање, пред стартот на натпреварите. Овие квалификации ќе се играат по згуснат распоред бидејќи во период од шест дена, од 12 до 18 ноември, Македонија ќе одигра три натпревари.
В среда во Скопје ќе гостува Данска, в сабота доаѓа Грција, а на 18 ноември Македонија ќе гостува во Славонски Брод, против Хрватска.


