Женската кошаркарска репрезентација на Македонија утре ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2027 година, против Данска на домашен терен.
Федерацијата одлучи да ги отвори вратите за љубителите на кошарката и влезот за утрешниот натпревар ќе биде слободен. На женската репрезентација ѝ е потребна поддршка на овој меч, па би било добро трибините вонКале да бидат исполнети до последното место.
Во ноемврискиот „прозорец“, нашата селекција ќе игра и со Грција на 15 и Хрватска на 18 ноември.


