Лидерот на суперлигашката табела ТФТ го доживеа првиот пораз во првенството откако во дербито на седмото коло, без поголеми проблеми го победи ТФТ со 80-67.
По ова повеќе нема екипи со максимален ефект во првенството иако МЗТ Скопје единствениот пораз не го доживеа на терен, туку поради административна грешка. Денеска бранителот на титулата беше подобар тим во поголемиот дел од мечот и заслужено стигна до нова победа.
Вечерва неизвесно беше само во првите три минути, по 6-6, МЗТ направи серија од 15-5 за прво двоцифрено водство на натпреварот (21-11). Тоа му овозможи на шампионот да го контролира резултатот иако ТФТ во неколку наврати во втората четвртина се доближи на три поени негатива.
Се чинеше дека ќе има драма кога третиот период гостите го почнаа со 11-2 и дојдоа на 44-46, но МЗТ го одби тој притисок и на помалку од две минути пред крајот на таа четвртина повторно имаше двоцифрена предност (61-51). Тоа целосно го скрши ТФТ, па домашниот тим во последните десет минути ја достигна и највисоката предност на мечот (73-56) со што официјално стави точка на мечот.
Мекејден со 20 поени беше најдобар стрелец во победничкиот тим, Магдевски постигна 17, а Смит 13. Говенс го предводеше ТФТ со 23 поени, но помош доби само од Дејвис кој реализира 19.
фото: КФМ


