Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство откако вечерва загуби од Грција со 84-101.
Нашите кошаркарки не успеаја да направат изненадување и покрај тоа што одлично го почнаа натпреварот. По стартната иницијатива на Грција, Македонија го презеде водството и во финишот од првата четвртина водеше со 21-16.
За жал, противникот брзо се разигра, по серијата од 15-2 поведе со 35-25, а до крајот на полувремето го зголеми своето водство на 20 разлика (59-39). Во третиот период на македонската репрезентација ѝ се закануваше катастрофа бидејќи предноста на противникот беше огромна, но во финишот нашиот тим се доближи на само осум поени разлика (82-90). Гркинките го завршија мечот со 11-2 и така ја исполнија и својата цел.
Анџелика Митрашиновиќ го одбележа натпреварот и застана на само еден скок од трипл дабл, постигнувајќи 23 поени, 10 асистенции и 9 скока (плус 9 загибени топки). Се истакнаа и Селцова со 19, Хемпе со 16, Стојановска со 11 поени.
Тука не е крајот на настапите на македонската репрезентација во ноемвриските квалификации бидејќи во вторник гостува во Славонски Брод, на селекцијата на Хрватска.


