Капитенот Анџелика Митрашиновиќ од денеска е најдобар стрелец во историјата на македонската кошаркарска репрезентација.
На дуелот против Грција таа постигна 29 поени и ја помина Моника Гавриловска која до вечерва го држеше рекордот во женскиот национален тим. Митрашиновиќ сега има вкупно 419 поени, 16 повеќе од поранешниот капитен на репрезентацијата и една од најдобрите кошаркарки во историјата на Македонија.
Со оглед на тоа што до крајот на квалификацискиот циклус остануваат уште четири натпревари, а по првите два меча има просек од 18,5 поени, Митрашиновиќ е со шанси да стане првата во историјата што ќе ја пробие границата од 500 поени во македонската репрезентација.


