МКК Куманово ја „одлежа“ казната и првпат оваа сезона на домашен терен ќе игра со публика. Првиот противник кој ќе можат да го поздрават домашните навивачи е Пелистер, па со дербито на овие две екипи, кое почнува во 19 часот, ќе заврши седмото коло од Суперлигата.


