Хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ од денеска повторно е член на Работнички каде ќе биде замена за Џордан Онил кој си замина пред десетина дена.
Центарот висок 219 сантиметри се враќа во клубот од Градски парк во кој настапуваше во сезоната 2023/24 и беше еден од најдобрите играчи. Во меѓувреме играше за косовскиот Башкими и во Цибона, а сега ќе се обиде да му помогне на Работнички да го прекине седумгодишниот пост и конечно да освои трофеј.
Рикиќ има големо искуство во македонската кошарка бидејќи покрај Работнички, настапуваше уште за Еуро Никел и МЗТ Скопје со кого освои шампионска титула во 2022 година.


