Селекторот Марјан Илиевски одредил 16 кошаркари на поширокиот список за почетокот на претквалификациите за Европското првенство во 2029 година кои стартуваат идната недела.
За разлика од натпреварите во текот на летото, сега во комбинација се голем дел од стандардните репрезентативци претходните години, пред се тука е капитенот Војдан Стојановски, последниот претставник од генерацијата која во 2011 година го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија. По долго време, во националниот тим ќе биде и Андреј Јакимовски кој игра одлично во тимот на Тренто, а до минатата сезона не беше во можност да настапува за репрезентацијата бидејќи играше во САД.
Како што беше најавено пред неколку, Илиевски повикал тројца натурализирани кошаркари, двајцата кои неодамна добија македонски пасоши Омари Мур и Нејт Сестина, како и Џејкоб Вајли кој играше фантастично во август. Од останатите играчи, тука се и лидерите од претквалификациите за Светското првенство Андреј Магдевски и Адем Мекиќ, потоа искусниот Стојан Ѓуроски, како и Андреј Митревски, Теодор Симиќ и повратникот Бобан Стајиќ. На почетокот од претквалификациите ќе го нема Ненад Димитријевиќ кој паузираше повеќе од еден месец поради повреда на ногата.
Македонија ги почнува претквалификациите на 27 ноември против Азербејџан на домашен терен, а три дена подоцна гостува на Ирска, во Даблин.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Бобан Стајиќ – Пелистер
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Џејкоб Вајли – Ритас – Литванија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија
Нејт Сестина – Олимпиjа Милано – Италија
СЕЛЕКТОР: Марјан Илиевски


