Американскиот интернационалец Мак Смит се покажа како одлично засилување за МЗТ Скопје и во досегашниот дел од сезоната е еденј од најдобрите играчи во редовите на шампионот.
Од тие причини, од него многу се очекува и на денешниот натпревар против Јахорина, во четвртото коло од АБА 2 лигата. МЗТ Скопје е фаворит за победа на овој меч, но Смит смета дека во натпреварот треба да се влезе максимално ангажирано.
„Полека влегуваме во посакуваниот ритам, за што сведочат добрите игри и победите во последните натпревари. Тренираме добро, во форма сме, па затоа не е важно кој е од другата страна на теренот. Ако сме на посакуваното ниво, тогаш сум убеден дека ќе го постигнеме посакуваниот триумф. Сакам да ги поканам нашите лојални навивачи повторно да создадеме жешка атмосфера, што дефинитивно ќе ни помогне заедно да го дочекаме крајот“, вели Смит пред натпреварот.
По три одиграни натпревари, МЗТ Скопје има биланс 2/1, а денешниот дуел со Јахорина почнува во 20:45 часот.


