Покрај Виктор Ташовски и Страхил Николов кои се најдоа на списокот на кошаркари на селекторот Марјан Илиевски, ТФТ доби уште еден репрезентативец, ама на друга селекција.
Во иднина, член на националниот тим на Сирија ќе биде американскиот интернационалец во редовите на екипата од Тафталиџе, Стенли Дејвис кој од летоска е играч на ТФТ. Досега одигра вкупно седум натпревари во домашното првенство и АБА 2 и е еден од најдобрите во составот на Боро Смилковски. Во Суперлигата на пет меча просечно постигнуваше по 16,2 поена и 5,4 скока, додека во регионалното натпреварување настапи на само два дуела, со ефект од 19 поен и 5,5 скока.
Своето деби во дресот на сириската репрезентација, Дејвис ќе го забележи в четврток, на гости кај Јордан, во првото коло од квалификациите за Светското првенство од азиската зона. И три дена подоцна Сирија ќе се сретне со истиот ривал, но поради војната во земјата, оваа селекција двата меча ќе ги одигра во главниот град на Јордан, Аман.


