На вториот ден од мини-подготовките за претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, селекторот на репрезентацијата Марјан Илиевски остана без еден од кошаркарите кои се наоѓаа на поширокиот список.
Од комбинација за настап против Азербејџан и Ирска отпадна плејмејкерот на Пелистер, Бобан Стајиќ кој игра одлично оваа сезона, но поради повреда на коленото, мораше да го напушти „кампот“.

„И покрај сите настојувања од негова страна да биде со тимот, сепак, нашиот лекарски тим одлучи дека Стајиќ не може да биде максимално подготвен за двата натпревари кои ни следувааат оваа недела. Не сакам ништо да форсираме во таа насока. Потребна му е комплетна рехабилитација. Имаме опција помалку во таа бековска линија, но продолжуваме понатаму“, соопшти селекторот Илиевски.
Стајиќ подолго време го немаше во националниот тим, но сега апсолутно го заслужи повикот со добрите настапи во првенството.


