На нешто помалку од 24 часа пред првиот претквалификациски дуел, селекторот на македонската репрезентација Марјан Илиевски одреди со кои 12 ќе го почне утрешниот меч.
Последниот филтер не го помина Страхил Николов, а меѓу двајцата натирализирани кошаркари, предност доби новопечениот Македонец, Омари Мур пред Џејкоб Вајли. Кошаркарот на Валенсија пристигна во Скопје во текот на денешниот ден, го одработи вечерниот тренинг и ќе има можност утре да дебитира во црвено-жолтиот дрес.
Претходно, поради повреда од комбинација отпадна Бобан Стајиќ, како и третиот натурализиран играч Нејт Сестина.
ФИНАЛНИ 12 ЗА НАТПРЕВАРОТ СО АЗЕРБЕЈЏАН
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија


