Неполни 24 часа по триумфот против Азербејџан во Скопје, македонската кошаркарска репрезентација пристигна во Даблин каде в недела ќе се сретне со Ирска во второто коло од претквалификациите за Европското првенсгво во 2029 година.
Нашите кошаркари ќе имаат два дена да се аклиматизираат, но и да го почувствуваат теренот каде ќе ја водат можеби најтешката битка во овој циклус. До недела се планирани три тренинзи, два утре и еден в недела напладне и на нив ќе се кова стратегијата за дуелот против Ирска.
Нашиот противник во првото коло доживеа сензационален пораз на гости од Луксембург и веројатно против Македонија ќе бара рехабилитација тој неуспех. Евентуален триумф на нашата репрезентација дополнително ќе не доближи до следната фаза од претквалификациите.


