По убедливото издание против Азербејџан во четвртокот, македонската кошаркарска репрезентација денеска ја очекува вториот натпревар од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Денешниот дуел би требало да биде многу потежок бидејќи Ирците, барем на хартија, се поквалитетни од нашиот прв ривал, но и тие доживеаја сензационален пораз од Луксембург на стартот од овој циклус. Пред три дена, аутсајдерот во групата славеше со 12 разлика на домашен терен со што можеби ни направи услуга, но и натаму, денешниот меч останува најтежок за Македонија во овие претквалификации.
Во однос на дуелот против Азербејџан, селекторот направи една измена бидејќи на местото на Омари Мур во комбинација сега е Џејкоб Вајли што треба да ни донесе цврстина под кошевите и поголема моќ. Тој беше еден од нашите најдобри кошаркари во претквалификациите за Светското првенство, а сега, заедно со одличните Војдан Стојановски, Андреј Јакимовски и останатите, ќе може уште повеќе да ги унапреди својата игра и придонесот во националниот тим.
Останатите играчи се истите од првиот натпревар и со идентичен пристап како пред три дена, можеме да се надеваме на нов триумф. Дуелот против Ирска се игра во Даблин од 18 часот и со евентуална победа, Македонија ќе ја заврши годината на првото место во групата и ќе ја потврди фаворитската улога.


