Андреј Јакимовски беше најдобар македонски репрезентативец на двтаа натпревара од претквалификациите за Европското првенство, па неговиот клуб Тренто го одбележа тоа на социјалните мрежи каде се пофали дека играчот на овој тим го предводел националниот тим.
Вчера Јакимовски постигна 26 поени, пет скока, четири асистенции и една украдена топка и беше најзаслужен за победата против Ирска. Сепак, во својата објава, Тренто малку го погреши името на противникот на Македонија.

Место Ирска, со која играа нашите кошаркари, Тренто на својата страница на Твитер објави дека сме играле со Исланд. Двете се островски држави, ама голема е разликата меѓу нив.


