Еден ден по Џејкоб Хатсон, екипата на Работнички ја напушти и неговиот сонародник Брет Томпсон.
Тој е трет од квартетот Американци што пред почетокот на сезоната го засилија 15-кратниот шампион, а не го дочекаа ни крајот на годината. Томпсон беше главен организатор на играта на Работнички и трет стрелец во тимот, зад Ефремовски и Хатсон, со просек од 16,8 поени по натпревар.
Неофицијално, Томпсон ќе ја продолжи кариерата во црногорскиот прволигаш Јединство Бијело Поље кој ја платил откупната клаузула за кошаркарот.
Од четворицата Американци, сега во тимот е само Брендон Алстон кој има најлоша статистика од сите. Во меѓувреме, во тимот од Градски парк дојде Роберт Рикиќ, а неизвесно е дали Работнички наскоро ќе го засили тимот со нови кошаркари.


