Поранешниот шампион на Македонија, Работничкки стави крај на поразите откако попладнево го совлада тимот на Ангели со 117-73.
Со тоа, тимот од Градски парк постави два рекорди на сезонзта бидејќи 117. поени се најмногу што една екипа успеала да постигне, а триумфот од 44 разлика е највисок во досегашните девет кола. Досегашните рекорди во овие категории беа 115 поени (од Пелистер) и 42 разлика (исто така од битолскиот клуб).
Со оглед на тоа што Работнички се соочи со играчки проблеми последната недела, се очекуваше да има проблеми на дуелот во Кисела Вода, но оние што му беа на располагање на Владимир Мирковски максимално ја одработиа својата задача. Немаше никаква драматика или неизвесност затоа што гостите брзо уфрлија во висока брзина и до полувреме веќе водеа со 24 поени разлика (63-39). Вториот дел беше само формалност и можност за двајцата тренери да ги искористат и играчите со помала минутажа.
Алстон беше најефикасен кај Работнички со 25 поени, Робев додаде 21, а Ефремовски и Рикиќ по 20 со тоа што хрватскиот интернационалец забележа и 13 скока. Кечовски ги предводеше Ангели со 21 поен. Пред Работнички е „вечното“ дерби против МЗТ Скопје на домашен терен, најверојатно во салата во Градски парк.


