Благодарение на одличната последна четвртина, екипата на МКК Куманово ја остави зад себе серијата од два пораза и денеска го совлада Тиквеш со 94-77.
Откако 35 минути се играше израмнето, со мали осцилации во резултатот, одлуката падна во самиот финишот од мечот. По кошот на Хобс за 73-76, МКК Куманово направи серија од 9-0 и поведе со 85-73 со што беше ставен крај на сите дилеми околу победникот на овој меч. Трите минути без постигнат поен скапо го чинеше Тиквеш кој пропушти уште една шанса да направи изненадување на гостински терен.
Новиот играч во тимот на МКК Куманово, Немања Николиќ беше најефикасен на мечот со 29 поени на кои додаде девет скока и седум асистенции, а повторно се истакна Луковиќ кој реализира 27 поени и девет скока. Дес со 14 поени го предводеше Тиквеш кој, сепак, се уште има повеќе победи на гостински, отколку на домашен терен.
МКК Куманово со оваа победа се израмни со второпласираниот Пелистер, додека Тиквеш остана во долната половина од табелата.
фото: КФМ


