Во текот на викендот заврши првата полуетапа во македонското кошаркарско првенство во женска конкуренција.
Три екипи завршија со идентичен биланс (6/1), но на првото место е Крива Паланка која има подобар биланс во однос на Баскет Кам и Вардар. По седмото коло, познати се и двојките за Купот на Македонија кое од оваа сезона се игра во изменет систем.
Во ова натпреварување е воведено четврфинале и во него учествуваат сите осум екипи од Првата кошаркарска лига на Македонија. Се игра еден натпревар, на 27/28 декември, а победникот обезбедува пласман на завршниот турнир кој ќе се одржи во февруари.
Предноста на домашниот терен во четвртфиналето ја имаат подобропласираните екипи кои автоматски се фаворити за место во завршницата.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
Крива Паланка – Патриот
Баскет Кам – Спорт Тим
Вардар – МЗТ Скопје
Бадел – Пробаскет


