Поранешниот шампион на Македонија, Работнички нема да се врати во Градски парк во 2025 година иако такво нешто беше на сите ѕвона најавено претходните месеци.
Крајот на реконструкцијата на салата на Работнички беше планирано за големото дерби против МЗТ Скопје кое е на програмата претстојниот викенд, но 15-кратниот првак како место на одигрување на овој меч го пријави Кале и тоа в недела (14 декември) од 18 часот. За дуелот со МЗТ Скопје беше планирана свеченост, но сето тоа ќе треба да се помести.

Ова беше последна шанса Работнички да заигра во Градски парк до крајот на годината бидејќи натпреварот против МЗТ Скопје е последен на домашен терен во 2025. Следниот меч како домаќин Работнички го игра дури на 17 јануари, против ТФТ.


