Кошаркарскиот тим на Универзитетот Стони Брук се искачи на второто место во Костал Атлетик конференцијата откако вечерва го победи Сентрал Мичиген со 78-55.
Херој на победата беше македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ кој на овој натпревар постави нов личен рекорд во НЦАА. За 32 минути во игра, нашиот плејмејкер постигна 21 поен со шут од игра 7/9, вклучувајќи три тројки од четири обиди, а оствари и шест скока и една асистенција.
Негов досегашен рекорд беа 20 постигнати поени на отворањето на сезоната, против Фармингдејл Стејт.
По 11 одиграни натпревари, Стони Брук има биланс 8/3, а пред него на табелата е само Вилмингтон со 9/1.


