Екипата на Феникс ја оствари четвртата победа во сезоната и тоа најубедлива во досегашниот дел од Суперлигата.
На домашен терен, тимот од Гази Баба славеше со 77-56 против Гостивар и привремено застана на осмата позиција на табелата со биланс 4/7. Гостите беа рамноправни само во првата четвртина која заврши 13-13.
Феникс го почна вториот период со серија од 7-0, на средина од таа четвртина имаше и двоцифрена предност (35-25), а во третиот квартал домашниот тим отиде и на +17 (53-36). Перфектно функционираше одбраната на Феникс која му дозволи само 26 поени на противникот во второто полувреме.
Матјес со 17 поени беше најефикасен кај Феникс, Ниа додаде 16, а Златевски 12. Во тимот на Гостивар повторно најсветла точка беше Абрам кој постигна 21 поен.


