По пауза од повеќе од една деценија, денеска во Кале ќе се одржи Ол стар денот кој ќе трае околу осум часа.
Предвидени се три натпревари, спектаклот треба да почне во 12 часот со дуелот на најдобрите млади кошаркари, од 15 се среќаваат селекцијата на кошаркарки од Македонија против селекција на светот, а сето тоа завршува во 18 часот, со дуелот меѓу Македонија и светот во машка конкуренција.
Во меѓувремеќе има натпреварувања во шутирање тројки и забивање, а ќе бидат прогласени и најдобрите во македонската кошарка за 2025 година.


