Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски е прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за 2025 година, во изборот на КФМ, на манифестацијата што се одржа денеска.
Поранешниот репрезентативец уште еднаш го водеше својот тим до тројната круна во домашната кошарка, а оваа година официјално се прости од националниот тим чиј член беше 16 години. Со оглед на тоа што е активен и на 38-годишна возраст, Дамјан има можност во 2026 да стане најуспешен кошаркар во историјата на македонската кошарка.
За најдобар кошаркар во странство е прогласен Ненад Димитријевиќ со тоа што мора да се истакне дека наградите се заклучно со крајот на сезоната 2024/25. Најдобар стрелец е кошаркарот на Работнички, Стојан Ѓуроски, а за најдобар тренер, очекувано и заслужено е прогласен предводникот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов.
Што се однесува до останатите признанија, исто така очекувано за најдобар клуб е прогласен МЗТ Скопје, а кај младинците, наградите отидоа во рацете на: Дамјан Данев од Вардар (до 18 години), Михаил Анѓелковски од Водно Санс (до 16 години) и Рон Јетиши од Работнички (до 14 години).


