Селекцијата на македонски кошаркари од Суперлигата славеше против тимот на Светот на годинашниот Ол стар натпревар, одржан во Кале.
Нашите кошаркари славеа со 119-115 во мечот кој понуди многу атракции и брза игра, на задоволство на гледачите. Виктор Ташовски беше најефикасен со 19 поени и на крајот го понесе признанието за најкорисен играч и покрај тоа што Андоноски и Симиќ имаа повисок индекс од него, а кошаркарот на Кожув оствари дабл дабл со 12 поени и 12 скока.

Во натпреварувањето во шутирање тројки славеше капитенот на Работнички, Виктор Ефремовски, оправдувајќи го статусот на еден од најдобрите шутери во македонската кошарка. Во финалето, тој беше подобар од Џавон Грин од Маџари.

Најдобар забивач на манифестацијата беше Рејмонд Сомервил од ТФТ кој го победи младиот Дамјан Стојановски од Феникс.


