Во вториот дел од сезоната, екипата на Чаир ќе биде без еден од играчите кои имаа голем придонес во играта на тимот.
Плејмејкерот Арбин Рушити првпат во својата кариера ќе игра во странство откако потпиша договор со косовскиот прволигаш Велазними од Ѓаковица. Тој вчера веќе настапи во куп-дуелот против Приштина, а до крајот на сезоната ќе се обиде да му помогне на својот тим да се спаси од испаѓање, имајќи предвид дека се наоѓа на последното место на табелата со биланс 4/9, колку што има претпоследниот Ули.
Во дресот на Чаир, Рушити сезонава одигра 11 натпревари и просечно постигнуваше по 8,5 поени, 5,1 асистенција и 3 скока со индекс 11,5.


