Нешто повеќе од една година откако почна реконструкцијата, 15-кратниот шампион на Македонија, Работнички се врати во својата сала во Градски парк.
Со оглед на тоа што е пауза во првенството, засега екипата само тренира во новиот објект, а дополнително ќе се знае кога ќе почне таму да ги пречекува своите противници. Според распоредот, првиот следен натпревар на домашен терен, Работнички го игра во последниот викенд од јануари, против ТФТ.
Свеченото отворање на салата Градски парк беше планирано за средината на декември и дербито против МЗТ Скопје, но работите делумно доцнеа и тоа не се случи. Во моментов се очекува финализирање на некои работи за Работнички да почне да ги игра своите натпревари во својот дом, но се очекува тоа наскоро да се заврши затоа што ионака салата Кале дефинитивно се затвора.
Објектот во Градски парк со враќањето на Работнички ќе добие и ново име и во иднина ќе се вика „Лазар Лечиќ“.


