Откако вчера објави дека има ново засилување за вториот дел од сезоната, Пелистер денеска ја потврди разделбата со двајца американси кошаркари.
Дел од таборот на поранешниот вицешампион повеќе не се плејмејкерите Си Џеј Вилсон и Остин Прајс кои, очигледно, не ги оправдаа очекувањата на стручниот штаб и со нив е прекината соработката. Двајцата имаа забележителна улога во Лигата на шампионите, но ја делеа минутажата во домашното првенство поради тоа што Пелистер имаше петмина странци во своите редови.
Како резултат на тоа, Прајс одигра само четири меча во Суперлигата, додека Вилсон забележа девет настапи. Првиот беше втор стрелец во тимот со просек од 15,5. а вториот од 8,6 поени.
Пелистер го заврши првиот дел од сезоната на делба на третата позиција на табелата, а на домашен терен загуби од останатите три екипи што се наоѓаат во топ-4: ТФТ, МЗТ Скопје и Кожув.


