Македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ го доби првото големо признание откако летоска се пресели во НЦАА.
Денеска тој е прогласен за дебитант на неделата во Coastal Athletic Association, конференцијата во која припаѓа неговиот Универзитет Стони Брук. За тоа му беа доволно само два меча кои ги одиграа Сивулфс минатата недела, а на кои Шошкиќ постигна вкупно 31 поени (15,5 во просек), девет скока и осум асистенции и во сите три статистички категории е далеку над својот просек оваа сезона.
Freshmen Phenom ⭐️
Following his best week yet as a Seawolf, Andrej Shoshkikj takes home his first ever CAA Rookie of the Week award!
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/SDKQwZK776
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) January 19, 2026
Македонскиот плејмејкер генерално игра добро од почетокот на 2026 година, на 3 јануари го оствари својот рекорд во НЦАА, со 27 поени, а иако не е стандарден во стартната постава, ужива голема доверба кај тренерот и има вжна улога во тимот.


