Поранешниот член на Куманово, Јован Црниќ е нов плејмејкер на Гостивар каде доаѓа од српскиот прволигаш Младост Смедеревска Паланка.
Црниќ го носеше дресот на Куманово од 2019 до 2021 година и одигра вкупно 33 натпревари во македонското првенство и БИБЛ лигата. Сега ќе треба да го замени Глен Абрам кој беше најдобар стрелец во Суперлигата, но пред крајот на 2025 година го напушти клубот и се пресели во Вршац.
Ако успее да ја пронајде вистинската форма, Црниќ би можел достојно да го замени Абрам бидејќи додека играше за Куманово, просечно постигнуваше по 26 поени на натпревар.


