По 2,5 години во „црвено-белиот“ дрес, македонскиот репрезентативец Стојан Ѓурооски го напушти Работнички и попладнево потпиша договор со МКК Куманово.
Тој е уште еден од плејадата кошаркари кои среде сезона си заминаа од 15-кратниот шампион на Македонија и им се придружи на странците кои го напуштија клубот. Ѓуроски претходните сезони беше еден од носителите на играта на Работнички и неговите заминување ќе претставува тежок удар за амбициите на тимот предводен од Владимир Мирковски.
Првпат во својата кариера гостиварецот ќе игра за МКК Куманово откако претходно, освен во Работнички, настапуваше и за Кожув, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Блолотехна и Пелистер во земјава, како и Левски, Хуеска, Мелиља, Аликанте и Оуренсе во Шпанија и Евре во Франција. На осум натпревари сезонава, 33-годишниот крилен играч просечно постигнуваше по 11,8 поени и 4 скока.
Во меѓувреме, Работнички го обнови кадарот со ангажманот на 29-годишниот Лука Петровски.


