МКК Куманово ја доби организацијата на завршниот турнир од Купот на Македонија откако ги исполни условите од јавниот повик што го објави Кошаркарската федерација.
Тоа ќе биде првпат во историјата овој град да биде организатор на Купот, а натпреварите ќе се играат во неодамна отворената Спортска сала во која летоска играше и репрезентацијата во претквалификациите за Светското првенство. Турнирот ќе се одржи од 13 до 15 февруари, а титулата ја брани МЗТ Скопје.
На турнирот ќе учествуваат осумте најдобри екипи по првата полуетапа од првенството: ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Пелистер, Маџари, Работнички, Феникс и домаќинот МКК Куманово.
Победниците од четирите четвртфинални средби ќе играат во полуфиналето кое е предвидено да се игра на 14 февруари, додека новиот победник во националниот Куп ќе биде познат по одигрувањето на големото финале кое ќе се игра на 15 февруари.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО:
ТФТ – Феникс 2010
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
Кожув – Маџари
Пелистер – МКК Куманово


