ТФТ го победи Кожув во 12. коло од кошаркарската Суперлига, но натпреварот го одбележа инцидент што се случи во финишот од првото полувреме.
Наизглед безопасен дуел под кошот можеше да резултира со масовна тепачка на теренот. Се почна со фаулот врз кошаркарот на ТФТ, Сомервил на кого притоа му испадна леќата од око. Додека се обидуваше да ја најде и повторно да ја стави, му пријде противничкиот кошаркар Родни Пурвис кој му ја дувна од рацете и на Сомервил повторно му падна по што не можеше да ја најде.
Тоа предизвика револт во домашниот тим, најгласен беше тренерот Боро Смилковски кој не ја криеше својата лутина и неколку пати лично го прозва Пурвис.
Американецот во еден момент тргна кон противничкиот тренер, изгледаше дека ќе дојде до нивен судир, но судиите и останатите актери спречија ескалација на конфликтот. На крајот, за среќа, се се завршисо технички грешки на двајцата највоинствени актери.


