Македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ забележа уште едно фантастично издание во НЦАА.
Неговиот универзитет Стони Брук славеше на гостувањето кај Елон Феникс со 72-68, а нашиот плејмејкер ја продолжи одличната низа која трае од почетокот на 2026 година. За 39 минути во игра, Шошкиќ постигна 17 поени и 8 скока и беше најдобар на мечот во двете статистички категории, а додаде уште четири асистенции и две украдени топки. Погоди по 3/5 за два и за три поени, како и 2/2 од линијата за слободни фрлања.
Shoshkikj now 3-for-3 from deep 🔥
💻https://t.co/FSwIAd8smG (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/mufQ0nyhvu
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) January 31, 2026
Ова е петти натпревар по ред на кој Шошкиќ постигнува двоцифрен број поени, а интересно е тоа што Стони Брук победи на сите пет. Воедно, ова е првпат во историјата, машката кошаркарска екипа на Сивулфс да оствари пет победи по ред во НЦАА за што огромен придонес има македонскиот репрезентативец.
Со денешнииот триумф, Стони Брук дојде до биланс 6/4 против екипите од својата конференција и привремено се искачи на третото место на табелата. За Сивулфс следуваат два меча на домашен терен на кои ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и дополнително да го подобрат својот пласман.


